Петгодишно девојче од засега непознати причини паднало од петти кат од зграда во која живеело со нејзиното семејство и починало. Инцидентот се случил вечерва нешто пред 19 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга, информаат од СВР Охрид.

По несреќата девојчето веднаш било пренесено во струшката болница каде, за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.

На местото на настанот во тек е увид во присуство на јавен обвинител и полиција. Се работи на утрдување на причините како дошло до трагичниот настан, велат од СВР Охрид.

OhridNews