Петнаесет годишно девојче од струшкото село Франгово си го одзело животот, пукајќи си со пиштол во главата.

Трагедијата се случила вчера околу 14 часот во семејната куќа. Девојчето самоубиството го извршило со пиштолот од родителот кој го поседувал со дозвола. По настанот тоа веднаш било однесено во медицинскиот центар во Струга од каде било префрлено во специјалната болница „Св. Еразмо“, каде им подлегнало на повредите.

Неофицијално причина за самоубиството била невозвратена љубов.

OhridNews