Како што информираат од СВР Охрид, момчето направило сообраќајна незгода со автомобилот што му бил купен неодамна, удирајќи во дрво. Откако го довлечкал оштетеното возило дома, Н.Д. ја зел ловeчката пушка на неговиот татко кој легално ја поседувал и си го одзел животот во близина на семејната куќа.
На местото на трагедијата извршен е полициски увид во присуство на истражен судија и патолог. Не биле констатирани траги на насилство, по што телото на момчето е предадено на семејството.