Голема трагедија се случи на аргентинското Суперкласико, дуелот помеѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс. Во навивачко стампедо, кое се случи за време на натпреварот, животите ги загубиле две лица од обезбедувањето, додека неколкумина се повредени.

На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, во рамките на 12-то коло, Ривер Плејт и Бока Јуниорс одиграа 2:2. Домаќинот водеше со 2:0, но Бока во последните секунди извлече реми.

Нередите на трибините се случиле во 76-та минута кога Сантијаго Силва од пенал го намали резултатот на 2:1. Гостинските навивачи, наводно, го пробиле обрачот на обезбедувањето, по што неколку лица паднале низ скалите. Двајца припадници на обезбедувањето ги загубиле животите.

Претходно, почетокт на мечот беше одложен поради пресметките на трибините, откако навивачите на Ривер на трибините подигнале голем балон во облик на прасе облечено во дрес на Бока Јуниорс.

“Макфакс“