Голем трагедија го погоди авто-мото спортот, откако почина директорот на Формула 1 и делегатот за безбедноста на трките, Чарли Вајтинг. Според информациите кои пристнуваат од Мелбурн, Вајтинг починал од здраствени проблеми со плуќата.

  • Со огромна така соопштуваме дека почина Чарли. Го познававме долги години како страстен љубител на Ф1. Беше одличен човек, инзвондреден директор и виновник за духот на овој фанстастичен спорт. – стои во изјавата на Жан Тод, кој е претседател на ФИА.

67-годишниот Вајтинг кариерата во Ф1 ја почнал во далечната 1977 година работејќи во тимот Хескет Рејсинг. Дваесет години подоцна назначен е за директор на трките и делегат за безбедност. Од тогаш наваму секогаш беше дел од секој старт на Ф1.

Трката во Мелбурн за големата награда во Австралија која ќе се одржи викендов ќе биде посветена на Вајтинг.

OhridNews