Трајче Кацаров е автор на  поемата „Ако“ која победи на  конкурсот за наградата „Григор Прличев“, што традиционално ја доделуваат издавачката куќа „Детска радост“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Трајче Кацаров е роден во Штип во 1959 година. Тој е драматург во Штипскиот театар. Членува во Друштвото на писателите на Македонија од 1991 и е автор на голем број поетски, прозни и драмски дела.

Поемата „Ако“ ќе биде објавена, а наградениот автор ќе добие и резба и  1.500 евра. Наградата на Коцарев ќе му биде врачена на 6 февруари во Охрид, во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“.

Наградата “Григор Прличев” е востановена на иницијатива на неодамна починатиот писател Петре Бакески. Се доделува во чест на Прличев кој во 1860 со поемата „Сердарот“ на грчки јазик (О Арматалос) победил на анонимен конкурс во Атина и го добил епитетот Втор Хомер.

OhridNews