– Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето на еден градоначалник, затоа јавно укажувам дека ќе бидам посветен на она што значи реализација на дела и проекти, со кои убавиот живот мора и ќе стане секојдневие. Јас сум човек од Општина Дебрца и тука ќе останам заедно со моите сограѓани со кои заедно ќе го реализираме најголемиот проект а тоа е ПОДОБРА ДЕБРЦА за сите нас. Оттука дозволете да укажам дека мојата транспарентност ќе биде на примарно место, соработката на високо ниво а меѓусебната почит ќе биде примарна, рече Трајкоски.
Тој додаде дека низ историјата секогаш се паметат датумите кои имаат големо значење, датуми кои преставувале пресвртница низ општествените процеси и дека токму таков датум преставува и 7 април, денот кога во Општина Дебрца за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
– Овој датум за мене ќе биде врежан како еден од најзначајните но тоа ќе биде исто така најзначаен датум и за жителите на Дебрца, рече Трајкоски.
Трајкоски упати благодарност за искажаната доверба до претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, до членовите на владата, до жителите на Дебрца, како и до медиумите за соработката.