Најдобрата репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за натпреварот со Азербејџан кој ќе се одигра на 27 март на „Мардан” арената во Белек. „Црвено жолтите“ во пресрет на мечот со Азербејџан се изразити фаворити, а Александар Трајкоски посакува тоа да се потврди и на теренот.
– Веќе шест дена сме тука во Турција и сме презадоволни од условите за работа. Максимално се подготвуваме и за натпреварот со Азербејџан. Против Финска одигравме цврст и неизвесен натпревар во кој нашиот противник беше одлично поставен на теренот и многу дисциплиниран. Имавме шанси, но не ги искористивме за победа. Се надевам дека задутре ќе одиграме подобро и ќе постигнеме поволен резултат. Можеме да се надигруваме со нив и се гледа дека сме поквалитетен тим, а тоа сакаме да го покажеме и на терен. – изјави Александар Трајковски.
Во првиот контролен меч Македонија ремизираше без голови со Финска.
OhridNews