Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата За подобра Македонија, Игор Трајкоски, го повика актуелниот градоначалник и кандидат од Сојузот за иднината, Љупчо Којчиноски пред жителите на Дебрца  да даде очет за сработеното во текот на неговиот досегашен мандат .

– Единствено за оваа наша општина никој ништо не знае, ниту пак се има пристап до било какви информации, ниту тоа колку средства, какви средства се вложени. Ниту пак можеме да видиме каде се вложени, затоа што и ништо не е вложено или  направено , освен за некои тендери за кои мнозинството од  жителите не знаат. Мистерија е дали  Љупчо Којчиноски и братството  работеа во некоја тајна организација или во општина која требаше да биде во служба на граѓаните, јавно и транспарентно. Во време на модернизација и напредок на општините низ Македонија, само оваа наша општина не е помрданато од мртвата точка.  Сепак се ќе се обелодени после локалните избори, истиот момент кога конечно Општина Дебарца ќе биде ослободена, со завршувањето на функцијата градоначалник на Љупчо Којчиноски, ете тогаш кога ќе бидат повикани сите институции и инспекции на увид во нивното шеснаесетгодишно владеење, рече Трајкоски.

Според него, држењето во изолација на општината обезбедува евтино заработени гласови.

– Ги добиваа секои минати избори, со тоа што им ги плаќа сметките  произлезени од нивното претпријатие (ЈП Комунално, за ѓубретарина, јавна чистота, вода)  и со други нечисти предизборни дејствија,  знаеја како да искупат решение за власт, но дали тоа беше чесно?  Дали е чесен законот кој се практизира низ Општина Дебарца – да функционира на база на ,,братстважж едни да плаќаат други да не плаќаат сметки и жителите се ставаат во нерамноправна положба, додаде Трајкоски.

Кандидатот за градоначалник Трајкоски праша на кого му одговара општина во која не владее законот , без современа амбуланта и медицинска опрема, аптека и домови на култура. При тоа, Трајкоски го повика Којчиноски на ТВ дуел со цел соочување и изнесување на досега сработеното во досегашниот мандат на актуелниот градоначалник.

OhridNews