Охридскиот голман, Благојче Трајковски долго, долго ќе го памети дебито во националниот дрес, откако со четири интервенции во серија беше иницијална каписла за победата на Македонија против Тунис на стартот од Мундијалот во Франција.


– Мотивацијата, желбата, самодовербата и советите на селекторот беа едни од причините за добрата моја партија на натпреварот со Тунис. Одбраната исто така си го направи своето и одигра вистина храбро и квалитетно кога најмногу требаше. Видео прилозите кои имавме можност да ги гледаме пред мечот исто така многу ни помогнаа да имаме финиш каков што посакувавме. Притисикот на моето деби беше голем, но како што одминуваше времето и текот на мечот не ми даде воопшто шанса да да мислам и вознемирам или пак дефокусирам. – рече Трајкоски.

Голманот во интервјуто после мечот кратко ја анализираше и Ангола која со пораз од Словенија го започна Мундијалот во Франција. – Малку имавме прилика да ја гледаме, но видовме дека не е наивна репрезентација иако претрпе висок пораз од Словенија. Ние сме фаворити, тука нема дилеми и ќе треба да го покажиме тоа.

Македонија мечот со Ангола го игра в сабота со почеток во 17:45 часот.

Фантастична победа на Македонија !

Фото: Гол.мк
OhridNews