Кандидатот за градоначалник од коалицијата За подобра Македонија за општина Дебрца, Игор Трајкоски,  ги обвини актуелната локална власт и противкандидатот од Сојузот за иднината за манипулации и малверзации.

– Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што Претседателот на Општинската организација од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на Општина Дебрца и воедно Претседател на Општинската изборна комисија во општина Дебрца. Дали ваквиот чин на поставување на свои блиски луѓе досегашниот градоначалник Којчиновски го крунисува 16 годишното владеење на СДСм на Општина Дебрца. Незаконското поставување на претседателот на Општинската организација на СДСМ за Претседател на Општинската изборна комисија е своевиден преседант еднаков на изборен фалсификат, рече Трајкоски.

Тој порача дека секој што ќе се дрзне да го наруши изборниот процес дека ќе одговара пред законот. Додаде дека по победата на ВМРО ДПМНЕ во општина Дебрца, целосно ќе се изврши ревизија на досегашното работење на градоначалникот Кочјиновски. 

– Само на тој начин ќе можеме да видиме  каде се слеани голем број на финансии, кога од друга страна гледаме дека во општина Дебрца не е реализиран ниту еден поголем проект, иако ветени од нивна страна, како што се изградбата на водоводот во село Климештани,изградбата на полигонот во село Оровник, реконструкцијата на водоводната мрежа во Ботун,доводниот цевковод за село Волино и покрај тоа што владата издвои средства сеуште не е ставен во функција, рече Трајкоски.

Нагласи дека изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ нуди промени, проекти, дела и достигнувања.

OhridNews