Низ овие 16 години изминати во Општина Дебрца сите ние бевме сведоци на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиновски и како резултат на таквиот однос Општина Дебрца денес е една од најслабо развиените Општини во Македониоја, ре;е на денеШната прес конференција кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од коалицијата За подобра Македонија, Игор Трајкоски.

– СДСМ упорно продолжува понатаму, давајќи му ја довербата за кандидат за градоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две децении. Се прашуваме дали во СДСМ постои недостиг на кадар или поголема е желбата за што поголемо уназадување на Општина Дебрца за сметка само на одредени лица блиски до градоначалникот и  до СДСМ, рече Трајкоски.


Тој додаде дека во изминатите две децении, жителите од општина Дебрца можеле да видат само изградба на две бензиски пумпи во сопственост на Којчиноски.

– Се прашуваме како ли ги убедува жителите на општина Дебрца повторно да му дадат доверба, или можеби неговите проекти кои ги ветува секој мандат се тие за кои граѓаните гласаат за него, рече Трајкоски.

Меѓу ветените, но нереализирани проекти Трајкоски ги наведе : изградбата на спортски полигон во село Оровник, автобуски превоз во село Горенци, за кој Трајкоски рече дека иако Којчиноски го ветил во 2009 година, го реализирал два дена пред локалните избори со цел веднаш по локалните избори да го стопира влегувањето на автобусите во истото село.

– Во село Волино им вети многу работи од кои ниедно не исполна освен едно поврзување на градскиот водовод кој доаѓа преку с.Требеништа за што со владини средства беше изграден цевководот и сеуште не е ставен во функција од необјасниви причини. Во 2009 година во с.Мешеишта им вети канализација која и ден денес можат мешеиштани да ја сонуваат, во с.Климештани не знам по кој пат им ветува водовод и сеуште не им е изграден, истиот повторно се ветува. Во с.Ботун во 2009 година вети реконструкција на водоводната мрежа, до ден денес истата не е реконструирана, додаде Трајкоски.

Трајкоски вети дека како градоначалник на општина Дебрца, ќе ги реализира сите потребни проекти кои им се значајни на жителите од општината, поради што ја побара и нивната доверба.

OhridNews