Актуелнот градоначалник на општина Дебрца Игор Трајкоски јавно се заблагодари на укажаната доверба по втор да биде кандидат на ВМРРО ДПМНЕ на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври.

„Викаат нема позначајно нешто од оставање на добри дела позади себе. Оваа мисла преставуваше основа на моето градоначелствување низ изминативе 4 години во Општина Дебрца. Сигурен сум дека направивме многу…но знам дека можевме и повеќе. Затоа поведен од довербата која ми е укажана за втор мандат како кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ уверувам дека ќе се движиме со уште побрзи чекори кон напредок во секој сегмент од делувањето на Општина Дебрца. Тоа е единствениот правец кон прогрес и позадоволни жители .Сето тоа за мене е првенствено и примарно. Затоа најпрвин да се заблагодарам за досегашната поддршка и со уште меѓусебна доверба на престојните избори да ја воведеме Општината во ново ниво на развој.“ – напиша  на фејсбук актуелниот градоначалник на општина Дебрца Игор Трајкоски.

OhridNews