Општина Дебрца формира посебна комисија за проценка на штетите од невреметео, што попладнево го зафати атарот на село Оровник.


Погодените подрачја ги посети градоначалникот Игор Трајкоски, кој најави помош за жителите на село Оровник.

-Уште од утре жителите на погодените села ќе може да достават барање за надомест на штетата направена од обилните врнежи на град до посебна Комисија во Општина Дебрца која е формирана за таа цел.-истакна Трајкоски.


Во невремето што попладнево беснееше во охридско уништени се насади со најразлични земјоделски култури.

OhridNews