Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин синоќа го осуди бомбашкиот напад во подземната железница во Санкт Петербург во кој беа убиени 11 луѓе и понуди помош во пронаоѓањето на сторителите, јавува „Макфакс“.
Трамп „изрази длабоко сочувство на семејствата на жртвите и рускиот народ“, објави Белата куќа по разговорот.
Американскиот претседател, исто така, понуди „целосна поддршка на американската влада во одговорот на нападот и во приведувањето на одговорните пред лицето на правдата“.
Трамп и Путин „се согласиле дека тероризмот мора решително и брзо да биде победен“, се наведува во изјавата од Белата куќа.
OhridNews
извор: „Макфакс“












