Претседателот на САД Доналд Трамп се согласил да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на извори од Јужна Кореја. Ова доаѓа по брифингот на Белата куќа со претставник на Јужна Кореа, кој ги известил САД дека Ким Џонг Ун е попдготвен на сериозни отстапки, вклучително и замрзнување на нуклеарната програма и тестирањето на ракети со голем дострел, за што беше на мета на критики како од американскиот претседател, така и од меѓународната заедница.

Според најавите, средбата Трамп – Ким Џонг Ун ќе се одржи во мај.

OhridNews