Американскиот претседател Доналд Трамп вети на Конвенција на конзервативната политика на акција (CPAC) на Републиканската партија, една од најголемите модернизации на армијата во американската историја, најавувајќи дека ќе побара „масивен“ буџет за вооружените сили, jавуваат светските агенции, пренесува „Макфакс“.

На почетокот од февруари, американскиот министер за одбрана Џејмс Матис наложи да се подготви образложение за ревизија на буџетот за фискалната 2017 година, со цел да се зголеми борбената моќност на американската армија за борбата со џихадистичката организација Исламската држава. Генералот истакна дека ревизијата на буџетот се однесува не само на сегашниот, туку и на оној за следната година, како и за одбранбената програма за периодот од 2019 до 2023 година.

Одбранбениот буџет на САД, кој е најголем на светско ниво, изнесува над 580 милијарди долари и ги надминува севкупно трошоците за одбрана на Кина, Русија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Индија, Франција и Јапонија, заедно.

Во петокот на четиридневниот состанок на CPAC, а овој собир годинава се одржува во Мериленд, близу Вашингтон ДиСи, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека американската армија ќе биде помоќна од кога и да е претходно во историјата. Рече повтори дека ќе побара огромни буџетски средства за една од „најголемите модернизации на војската во американската историја“.

Рече дека се надева оти таквата војска никогаш нема да треба да се употреби, но дека никој во тој случај нема да се осуди „да се закачка“ со Америка. „Никој!“, нагласи Трамп на конвенцијата што се одржа вчера.

„Веруваме во мир преку силата. И тоа ќе го имаме. Тоа е дел од моето ветување дека ќе им ја врати сигурноста на Американците“, додаде Трамп на третиот ден од конвенцијата на CPAC.

Повторувајќи дека работи на планот за „целосното уништување“ на Исламската држава. Покрај тоа, истакна дека „странските терористи нема да може да ја нападнат Америка, доколку не може да дојдат во Америка“.

„Ќе ги задржиме радикалните терористи надвор од нашата земја. Нема никој да нé оттргне од овој пат, и низ неколку дена ќе преземеме нова акција да ги заштитиме во нашите граѓани и да ја направиме Америка сигурна“, нагласи Трамп..

„Никогаш, никогаш нема да се извинам за тоа ја штитам безбедноста на американскиот народ – нема тоа да го сторам“, рече американскиот претседател истакнувајќи дека воопшто не го загрижува доколку поради тоа за него лошо ќе се пишува или зборува, „Тоа воопшто не ме грижи. Безбедноста на нашите граѓани е број еден“, додаде.

Вети, исто така, дека ќе изгради „голем, голем ѕид на границата“. „Градиме ѕид. Всушност, тоа ќе започне многу брзо. Многу, многу порано отколку што е планирано“, рече Трамп.

Трамп ѕидот го спомена ден откако државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за внатрешна/татковинска безбедност Џон Кели имаа разговори со своите мексикански колеги во Сиудад де Мехико. Забележливо е што на прес-конференцијата којашто уследи по средбата,ниту мексиканските домаќини, ниту американските гости не о споминаа ѕидот. На Трамп му е потребно одобрување од Конгресот за финансирање на ѕидот пред да почне со неговата изградба.

Трамп својот говор го искористи и за најновиот напад врз медиумите. „Против сум оние кои измислуваат приказни и измислуваат извори. Ним не би смеело да им биде дозволено да ги користат извори, освен доколку не го наведат нивното име. Не се користи името. Нека нема повеќе ’извор’“, порача американскиот претседател.

OhridNews
извор: „Макфакс“