Утрово, околу 8 часот, во Белград се случи тешка сообраќајна незгода во која загина едно лице, а десеттина се повредени.

До сообраќајната незгода дошло кога автомобил поминал на црвено светло по што удрил во предниот дел од трамвај, кој потоа излетал од шините и се забил во ѕид од објект. Притоа, трамвајот прегазил пешак кој починал на самото место.

Неколку лица од трамвајот се повредени, како и возачите на колата што ја предизвика сообраќајната незгода и возачот на трамвајот.

OhridNews

фото:Блиц