Изминативе 24 часа на трансфер пазарот поминаа во знакот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се ослободија од Алексис Санчез кој замина во Интер, додека на добар пат се да го ангажираат Жадон Санчо од Борусија Дортмунд.

Алексис Санчез во Интер

Манчестер Јунајтед по секоја цена сакаше да се ослободи од Алексис Санчез кој речиси ништо да не одигра на Олд Трафорд по доаѓањето од Арсенал. Чилеанскиот репрезентативец без оштета ќе се пресели во Интер, но италијанскиот клуб мораше да му понуди максимална плата од 7 милиони евра.

Санчо пред портите од Олд Трафорд

Управата на „црвените ѓаволи“ е во завршна фаза од преговорите со Борусија Дортмунд за ангажманот на Жадон Санчо. Голем број на фудбалски агенти пренесоа дека деталите ги делат двата клубови до финализирање на договорот. Се споменува сума од 120 милиони евра која англичаните ќе му ја исплатат на „милионерите“ за услугите на Санчо. Англискиот репрезентативец е голема желба на Оле гунар Солскјер кој конечно почна успешно да го склопува мозаикот на Олд Трафорд.

Санчо во дресот на Борусија Дортмунд

 

OhridNews