Екипите од Англија добиваат конкуренција во летниот преоден рок откако во ангажманот на нови фудбалери активно се вклучуваат клубовите од Шпанија и Италија. Прва трансфер бомба од Шпанија ќе биде трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид во Атлетико Мадрид, додека во Италија мразот го скрши Интер кој го доведе Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед.

Трансфер на Родригез од Реал во Атлетико Мадрид

За репрезентативецот на Колмубија, Хамес Родригез нема место во Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан. Колумбиецот среќата ќе си ја проба во градскиот ривал на „кралевите“, Атлетико Мадрид. Фудбалер каков што е Родригез секогаш е добре дојден за екипата, иако „јорганџиите“ под водство на Диего Симеоне негуваат стил на игра со многу трчање и физички контакти.

Солскјер го потврди трансферот на Алексис Санчез во Интер

Офанзивецот Алексис Санчез нема да се врати на Олд Трафорд и кариерата ќе ја продолжи во Интер, каде што игра оваа сезона како позајмен фудбалер. Чилеанецот не се снајде најдобро во Манчестер Јунатед после трансферот од Арсенал и мораше да бара друга средина за враќање на формата.

Манчестер Сити го официјализираше Натан Аке

„Граѓаните“ го промовираа Натан Аке. Манчестер Сити дефанзивецот го ангажираа од Бурнмаут кој испадна од Премиер лигата. Англискиот вицешампион за услугите на Аке плати околу 50 милиони фунти.

OhridNews