Екипата на Тотенхем го скрши мразот во летниот преоден рок и го доведе првиот фудбалер во своите редови. Составот од Лондон купуваше во Саутемптон. Јувентус после тренерската промена се активираше на трансфер пазарот и пикираше неколку фудбалери.

Пјер-Емил Хојбјерг нов член на Тотенхем

Данскиот фудбалер Хојбјерг е првиот потег на Жозе Мурињо во летниот преоден рок. 25-годишниот играч во Лондон се пресели од Саутемптон за сума од 20 милиони фунти. Хојбјерг потпиша петгодишен договор.

Лаказет на радарот од Јувентус, „старата дама“ на Арсенал му нуди и размена на фудбалери

Составот на Јувентус го пикираше Александар Лаказет за засилување на нападот. Новиот стратег на „старата дама“, Андреа Пирло го посакува францускиот интернационалец во своите редови поради брзината и снаодливоста со топка. Јувентус е подготвен на Арсенал да му понуди и размена на фудбалери. Како дел од трансферот може да бидат Гонзало Игуаин или Даглас Коста.

Валенсија продава да ја „преброди“ кризата

Шпанскиот состав Валенсија падна во финансиска криза, а клубот решение најде во ставање на сите фудбалери на трансфер листа. Од „Местаља“ сметаат дека тој е единствен начин да ја пребродат кризата предизвикана од вирусот ковид -19.

OhridNews