Екипите ширум фудбалска Европа фаќаат залет и почнуваат со ангажман на нови фудбалери. (Нај)активен до сега е Манчестер Сити, кој стартува со градење на екипата после симнување на забраната за настап во европските натпреварување.

Дефанзивеицот Натан Аке нов фудбалер на Манчестер Сити

Фудбалерот на Бурнмаут, Аке ќе го засили Манчестер Сити во летниот преоден рок. „Граѓаните“ ја искористија ситуацијата со Бурнмаут кој отпадна од Премиер лигата и за сума под 50 милиони фунти го ангажираа дефанзивецот. Аке е втор фудбалер во летниот преоден кој се преселува на „Етихад“, претходно, „граѓаните“ го официјализираа трансферот на Феран Торес од Валенсија.

Фудбалскиот Моцарт на клупата од У23 на Јувентус

Андреа Пирло или фудбалскиот Моцарт, како што нарекуваат италијаните во составот на Јувентус ќе ја започна тренерската авантура. Поранешниот италијански репрезентативец ќе биде тренер на У23 тимот на Јувентус. Со оглед на фудбалските квалитети и разбирање, сите на Пирло му предвидуваат блескава тренерска кариера.

OhridNews