Екипата на Рома е пред реализација на трансферот на Аркадиус Милик од тимот на Наполи. Напаѓачот ги договорил условите со „волчицата“, а клубовите во текот на денов треба да ги финализираат сите детали и да го официјализираат трансферот.

Преселбата на Милик на Олимпико е интересна затоа што таа ќе поттикне трансфер на Един Џеко во Јувентус. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина недела дена е во активни преговори со „старата дама“ и најверојатно ќе вродат со плод. Џеко во Торино ќе биде замена за Гонзало Игуаин кој замина во американската МЛС лига.

Атлетико Мадрид одбил 100 милиони евра од Манчестер Сити

Атлетико Мадрид официјално ја одбил понудата од Манчестер Сити висока 100 милиони евра за услугите на дефанзивецот Хозе Марија Хименез. Стратегот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола во името на Хименез пронајдол идеално решение за проблемите во одбраната. Уругваецот игра стандардно добро во тимот на Атлетико Мадрид, а полека се наметнува и во националната репрезентација.

OhridNews