Италијанските гиганти Јувентус и Интер денеска ги официјализираа новите ангажмани во своите екипи. „Старата дама“ се пофали со Алваро Мората додека „нероазурите“ го доведоа Артуро Видал.


За Мората ова ќе биде кам-бек во Торино. Шпанскиот интернационалец две сезони со голем успех го носеше дресот на Јувентус. Мората на позицијата „шпиц“ ќе го замени Гонзало Игуаин кој се раздели со „бјанконерите“ и кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига.

Интер со доведувањето на Видал му ја исполни големата желба на Антонио Конте. Стратегот на „нероазурите“ во името на Видал гледа лидер и решение за проблемите во везниот ред. Видал ќе нема проблем за адаптација  во „калчото“ бидејќи неколку сезони го носеше дресот на Јувентус.

OhridNews