Градежната компанија „Трансмет“ се вклучи во изградбата на втората делница од автопатот Кичево – Охрид, во за чија изградба се ангажирани и фирмите „Гранит“ и „Бетон“, објави порталот „Курир“.
Како што објави порталот, склучен е договор со кинеската компанија „Синохидро“ во вкупна вредност од 78,6 милиони евра.
„Ќе учествуваме на втората делница од автопатот Кичево-Охрид. Трасата предвидува покрај изградба на автопат и 10 мостови и вијадукти. Се очекува во предвидениот рок за изградба, за 33 месеци, да биде завршен.“ – велат од градежната компанија.
Инаку, за потребите за изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид, компанијата објави оглас за вработување на 235 лица.
OhridNews
„Курир“