– Тие планови ниту се одобрени, ниту се разгледувани во Транспорт и врски, рече Јанакиески. Тој најави дека согласно законот за просторно планирање овие планови треба да бидат доставени до министерството, кое потоа ќе се произнесе по истите.
Предлог нацрт деталните урбанистички планови за кеј и Табана, неодамна беа повлечени од расправа во советот поради реакциите на политичките партии и јавноста. Истите, според најавите на локалната самоуправа ќе бидат ставени на увид на граѓаните, кои во текот на постапката ќе имаат можност да ги изнесат своите забелешки. Плановите согласно законот, ќе бидат доставени и до Министерството за транспорт и врски кое исто така треба да даде свое мислење, објаснуваат од локалната самоуправа.