Транспорт и врски: Со каква цел се толерира развој на дивоградби во Охрид?
28.06.12 19:00
Министертвото за транспорт и врски реагира на ставовите изнесени од страна на охридската локална самоуправа, во врска со случајот со изградбата на спорниот сместувачки капацитет во Трпејца.
„Во однос на информациите кои денес беа пласирани од страна на општина Охрид, во кој се наведува дека: „Одземањето на ингеренциите за случајот Трпејца од страна на Министерството за транспорт и врски се нелегални и незаконски и дека општина Охрид ќе поднесе пријава до Управниот суд против Министерството за транспорт и врски“, сакаме да појасниме дека по реакциите од страна на жителите од ова населено место од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се преземени мерки согласно законските надлежности“, велат од Трснапорт и врски.
Оттаму информираат дека на општината и градоначалникот, претходно, им било предочено дека треба да постапат согласно законот во конкретниот случај, што не било направено.
„Направен е увид во состојбата на терен и дадено е укажување на градоначалникот на општина Охрид, да го спроведе извршувањето на решението за отстранување на дивоградбата на брегот на езерото во Трпејца донесено од страна на овластен градежен инспектор. Бидејќи градоначалникот Петрески не постапи по решението и укажувањето, на 22.06.2012 година за овој предмет беше донесено решение за преземање на работите од надлежност на овластен градежен инспектор при општина Охрид по конкретниот предмет за кој е утврдено неизвршување на работите.“, велат од Министерството за транспорт и врски.
Од надлежното министерство укажуваат дека со донесеното решение понатамошните постапки поврзани со конкретниот предмет ќе ги води Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при Министерството за транспорт и врски и очекуваат одлуката да биде почитувана.
„Министерството за транспорт и врски не сака да верува дека градоначалникот Петрески штити нечии локални интереси со овој чин на непочитување на законските прописи и решенијата од страна на инспекторатот. Неразбирливо е зошто и за каква цел општина Охрид и градоначалникот Петрески толерираат развој на дивоградби на брегот на Охридското езеро?“-стои во реакцијата на Министерството за транспорт и врски.
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули Според повикот ...
Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерств...
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија Наодите од овој локалитет минатата година г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.