Министерството за транспорт врски на реакциите на дел од концесионерите на плажите кои негодуваат на зголемувањето на цената на закупот, одговори со соопштение во кое се наведуваат критериумите врз ознова на кои се утрврдува висината на надоместокот:

„Ве информираме дека плажите на Охридско Езеро во општина Охрид се издадени на краткотраен закуп во времетраење од 2 години. Во самите договори за закуп стои дека цената за закуп се однесува на периодот од две години во кои се остварува закупот.
 
По истекувањето на важноста на овие договори, постои можност за склучување на нови договори со закупците кои ги исполнуваат условите, во согласност со важечкиот Табеларен преглед на цените за отуѓување, односно закуп на државно градежно земјиште. Доколку од било кои причини не биде склучен нов договор за предметните локации, истите ќе бидат дадени под закуп по пат на јавно наддавање.
 
Утврдувањето на цената за давање под закуп се врши согласно важечката Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен закуп и краткотраен закуп, на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со јавно наддавање, по пат на прибирање на понуди и со непосредна спогодба, висината на трошоците на постапката за отуѓувањето и давањето под закуп, како и висината на цената на земјиштето и на закупнината (објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 71). Согласно оваа Уредба, цените за закуп на државното земјиште во зависност од локацијата на која се наоѓа изнесуваат 160 денари во централното подрачје, 110 денари вон централното подрачје и 50 денари во населени места за метар квадратен“, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Ohridnews