Гостивар е обвиен во тага по големата трагедија што се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово, кога при превртување на автобус на гостиварската компанија „Дурмо – турс“ загинаа 14 жители на овој град.

Знамињата во општината се на половина копје, а градскиот совет на вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост.

Ваква трагедија Гостивар не памети, не само Гостивар, туку и Македонија. – ни изјави Ивица Адамоски од порталот “gostivarpress”.

Знамињата во Гостивар на половина копје

Во Гостивар денеска допатува премиерот Зоран Заев, со претставници на владата, која информираше дека се прават напори да им се помогне на семејствата на жртвите и повредените. Во Гостивар е и претседателот Иванов. Двајцата присуствуваа на седницата на гостиварскиот совет по повод трагичниот настан кај Карпалак.

Трагедијата го обедини државниот врв во Гостивар

Со гостиварци сочувствува целата нација. Владата на вонредна седница, синоќа, ги прогласи 14 и 15 февруари за денови на жалост. Знамињата во Охрид и другите градови во земјата се на половина копје.

На половина копје и знамињата во Охрид

Граѓаните на социјалните мрежи изразуваат сочувство кон семејствата на загинатите, а големата автобуска несреќа е топ тема во разговорите на охриѓани во кафетериите каде тивко свири сериозна музика, или ја нема воопшто.

OhridNews