Кој ја крие вистината за Охридско-дебарското востание?, прашува потпретседателот на ГДУ-Охрид, Михаил Трендафилов Нанче.

  • Септември 1913 година. Охридско востание, охридско-дебарско, македонско албанско, септемвриско и не знам какво уште, но една е вистината. Повеќе од 1200 жртви, 40 заклани во бунарот Имарет, изгорени и опустошени над 210 села. Слика слична како со два месеци порано одржаното Тиквешко востание. Заедно 2500 жртви. Се поставува основното прашање-кој ја крие оваа вистина?, вели Нанче.

Додава дека ако до 1991 година тоа бил Белград, зошто во 28 години независна Македонија продолжува молкот.

  • Зошто СДСМ и ДПМНЕ ја продолжија раката на Белград? Ако тогаш се кренале и реки крв пролеале, денес не можеме ни гласот да го кренеме? Без вистина за минатото, немаме иднина. 28 години корупција и криминал. Народе македонски разбуди се, свести се, не спи!, порачува Трендафилов-Нанче.

OhridNews