Сашо Мацаноски – Трендо, основач и заштитен „клик“ на некогаш најдобриот македонски портал On.net, го напушта медиумот по 12 години работа во него. Одлуката Трендо на читателите кои верно ги пратеа неговите колумни и натписи изминатите години, им ја соопшти лично на порталот.
Дигам сидро од овде. Ништо драматично. Едноставно, мислам дека во вакво корпоративно гнездо, работењето на ваков сајт ќе стане прилично незабавно.
А не беше тоа финтата.
Сајтот функционираше во рамките на фирми на кои овој медиум не им беше главна цел. Ваков он.нет.мк, со мене на него, издржа цели 11 години под едно знаме (Интернет провајдерот Он.нет) и цели 5 месеци под друго (Оне, Телеком Словенија). Њима хвала.
Имаше и покомфорни и побезбедни решенија од ова напуштање, но, петлето вика вака.
На екипата која останува им посакувам се најдобро, на моиве од фамилија им ветувам дека нема да ги оставам гладни а вам, дека се читаме наскоро, на некое пораат и понаше место.-пишува меѓу другото Трендо во своето проштално писмо до читателите на On.net.