Во рамки на проектот ќе биде организирана десетдневна обука, под менторство на двајца туристички експерти од Израел, со која идните тренери ќе треба да стекнат нови способности, вештини и знаења, за да можат да организираат ваков вид на туризам.
– Израел има извонредни резултати во руралниот туризам, па од нивните туристички работниции може да научиме многу за ваквиот туристички развој. Треба да ги видиме нивни примери, да ги прилагодиме нивните искуства и знаења на нашата почва. Треба да се потрудиме да најдеме модалитети осносно начини за од сето тоа да имаме корист, вели Проф. Д-р Сашо Коруновски, декан на Факултетот за Туризам и Угостителство -Охрид.
Тој објасни дека за целосна проценка на можностите за Рурален туризам кои моментално ги има во Македонија е потребно изготвување на посебна стратегија за развој.
Виктор Мизрахи, почесен конзул на Израел во Македонија, истакна дека Охридско-струшкиот регион има огромни туристички потенцијали и сето она што го поседува треба максимално да се искористи.
–Ако за Ерусалим во Израел секој камен има свое значење, во Охрид секоја скала погоре во стариот дел на градот има свое начење. Истото се однесува и за целата охридска околина , а тоа треба да биде една од основите за туристички развој. Македонија и Израел имаат извонредна соработка, па затоа стиоиме на располагење со технички кадар и со експерти, вели Мизрахи.
Тој потенцираше дека луѓето од овој регион најправо ќе треба да се мотивираат и да го видат економскиот интерес во селските предели, за да ги искористат потенцијалите кои ги има таму.
–Освен природа и традиција, руралниот туризам треба да се заснова и на производство на специфични производи особено на прехранбени производи, кои би биле произведувани во рамки на месните заединици и домаќинствата во селските средини. Ваквиот вид на туризам треба да им овозможи на туристите и дополнителни можности како што се култура и фолклор. За сето ова да се реализира потребено е да се развие тоа локално раздвижување во селата, а потоа потребен е и поголем интерес од страна на туристичките агенции кои ќе го понудат тоа на пазарот, појасни Мизрахи, нагалсувајќи дека исто така треба да се вложат напори и за подобрување на инфраструктурата во селските средини.
Катерина Василеска од Локалната агенција за развој од Струга вели дека Обуката за тренери е правата активност која што ќе се одвива во рамките на овој проект.
– Ова е прва иницијатива за развој на рурален туризам од ваков голем обем и прв проект кој вклучува голем број локални и регионални организации во остварување на заедничка цел за развојот на регионот, па затоа се надеваме дека поради тоа ќе има голем успех. Освен предавањата, за учениците на обуката ќе бидат организирани и студиски патувања, како и практични вежби, вели Василеска.
Проектот се имплементира во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ), Факултетот за Туризам и Угостителство -Охрид, Центарот за Развој на Југозападниот Плански Регион, Германско Друштво за Меѓународна Соработка (ГИЗ РЕД) и Кластерот за Туризам.