“Лигата на Петлиња“ заврши, по девет одиграни рунди екипата на ОУ “Христо Узонов“ со 21 бод се пласираше на првата позиција. Професорите од училиштата најавија дека “Лигата на Петлиња“ ќе прерасне во традиција.


Тренерите на фудбалските школи во Охрид, изјави дека ваквиот систем на натпреварување е добитна комбинација за дечињата и за фудбалот во Охрид.


Убав модел на анимација со фудбал на младите таленти. За оваа возрасна категорија, овој начин на организирање е одличен од повеќе аспекти : дружењето меѓу нив, натпреварувачкиот дух кој се изградува, а и откриванје на нови таленти, кои подоцна може да се изградат во добри фудбалери. Има огромен потенцијал кај децата.  Големата масовност покажува и одлична заинтересираност на децата за овој спорт.  Но талентот како талент, доколку не се надградува, со макотрпна работа, и многу труд, може да остане само талент.

Забележавме неколку дечиња, кои убаво би било да продолжат во нашата фудбалска школа. Најголе впечаток ми остаде женскиот натпреварувач, кој после овој турнир доби и официјална покана да се приклуќи на ЖФК Билјанини Извори. Имаме поголем број на дециња, кои се натпреваруваа во оваа лига.  Пред се тука се уцениците од ОУ Ванцо николески – Лескоец, Св Климент Охридски , Братство и единство – истакна тренерот на Охрид Јуниор, Наум Јанкуловски.


Тренерот на Фер Плеј, Марјан Настески “Лигата на Петлиња“ ја подржува ваквата иницијатива и дека треба да продолжи, дури и од помладите категории.


Ние како клуб со сопствена фудбалска школа го подржуваме и поздравуваме ваквиот проект.  Секоја чест за професорите по школите за големиот потват да работат со дечињата. Резултатите од натпреварите и играта будно ја пратавме и секогаш бевме тука да ги бодриме дечињата. Заинтересираноста беше видлива, со посетеноста на трибините. Охрид треба да има вакви натпреварување, почнувајќи од најмалите категории – потенцираше Марјан Настески.

Прогласувањето на најдобрите во “Лигата на Петлиња“ како и натпреварувањето во други дисциплини е в среда.

Мх.П.