Тренерот на атлетскиот клуб Охрид, Влатко Димитров и избран за најдобар тренер на екипно ниво на гала цероменијата.

За најдобар атлетичар во машка конкуренција е прогласен олимпиецот Кристијан Ефремов додека во женска победничка е Ивана Рожман.

На церемонијата атлетската федерација на Македонија ги награди уште :  најдобар младинец – Ристе Пандев (АК „Струмица“), најдобра младинка – Валбона Селими (АК „Лирија“ – Скопје), најдобар помлад младинец – Софијан Рамадани (АК „Тетово“), најдобра помлада младинка – Дрита Исљами (АК „Лирија“ – Скопје), најдобар пионер – Жарко Атанасовски (АК Куманово) и најдобра пионерка – Фиторе Куртиши (АК „Студенти“ – Тетово).

Мх.П.