Тренерот на Валенсија, Марселињо кој е еден од најзслужните за новото лице на „лилјаците“ имаше неверојатен пех на мечот со Реал Сосиедад. 52-годишниот стратег при прославата на третиот погодок кој се покажа победнички (3-2) го истекна мускулот и последните минути ги проследи од клупата.

– Се додека јас сум само повреден нема потреба за грижа. Некогаш победите скапо ги плаќаме со повредени играчи, но овој пат за среќа јас се повредив. – низ смеа после мечот коментираше Марселињо.

После шест одиграни натпревари во Ла Лига, Валенсија со четири победи се наоѓа на четвртата позиција и најавува атак на местата кои водат во Лигата на Шампиони.

OhridNews