Стратегот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез е прв кандидат на Ракометната федерација на Македонија за селекторската позиција во најквалитетната репрезентација.


Селекторското столче остана празно, откако доскорешниот селектор Лино Червар ја напушти Македонија прифаќајќи ја понудата од родната земја Хрватска.

Предводникот на „црвено црните“ во следните денови треба да има состанок со челниците на РФМ на кој ќе се преговара за селекторската функција и ако се помине во најдобар ред 47-годишниот стратег ќе биде промовиран за нов селектор.

Шпанскиот стратег кој добро го владее македонскиот јазик трета сезона е на клупата од Вардар и успешно го води клубот во Лигата на Шампиони.

OhridNews