Заминувањето од кормилотo на охридскиот брод на Горазд Михајлов е третата тренерска смена сезонава на клупата на прволигашот Охрид 2004.


Прволигашката авантура ја започна Здравко Цветаноски кој на клупата седеше пет првенествени натпревари. Во тој период Охрид освои пет бода во исто толку натпревари. “Рибарите“ постигнаа четири гола, а примија осум гола. Забележаа само една победа, едно реми и пртрпеа три порази.


Резултатите во ерата на Цветаноски:

Ренова Охрид   2-0
Тетекс Охрид   1-1
Охрид
Силекс  2-0
Брегалница
Охрид   3-1
Охрид
Вардар 0-2

Потоа на охридската клупа дојде српскиот стратег Драган Антиќ. Популарниот “Рецко“ направи миниреволуција со клубот кој седум кола не знаеше за пораз. Во тој период во тринаесет кола, охриѓани освоија шестнаесет бода, со гол разлика 12-19.


Резултатите во ерата на Антиќ:

Шкендија Охрид 2-0
Охрид
Металург 0-0
Хоризонт Турново Охрид 2004 1-2
Охрид 2004 11 Октомври 1-1
Рaбoтнички Охрид 2004 1-2
Охрид 2004 Нaпрeдoк 3-1
Охрид 2004 Ренова 2-2
Охрид 2004 Тетекс 1-0
Силекс Охрид 2004 1-0
Охрид 2004 Брегалница   
0-0
Вардар Охрид 2004 2-0
Охрид 2004 Шкeндијa 1-2
Металург Охрид 2004 6-0

Антиќ го напушти Охрид, по крајот на есенскиот дел од сезоната откако ФФМ го суспендирше на 14 месеци поради недоличното однесување на мечот со Вардар.


Вториот дел од сезоната “рибарите“ го започнаа со нов тренер. На охридската клупа седна Горазд Михајлов. Но ниту тој не издржа долго на жешкото столче. Михајлов , Охрид го водеше на четири натпревари, освојувајќи четири бода.


На три од четирите меча охриѓани не постигнаа гол, додека на единствениот на кој дадоа голови беше забележана висока победа од 3-0. Гол разликата беше 3 дадени 4 примени гола. Една победа, едно реми и два порази.


Резултати во ерата на Михајлов:

Охрид 2004 Хоризонт Турново  0-0
11 Октомври Охрид 2004  0-3
Охрид 2004 Рaбoтнички  0-1
Нaпрeдoк Охрид 2004  3-0

Охриѓани на мечот со Шкендија (1-0) ги водеше Цветкоски Миле кој најверојатно ќе остане на охридската клупа до крајот на сезоната.


Цветкоски ќе го “понесе“ товарот

Цветкоски ќе има ѓаволски тешка задача да го спаси охридскиот тим од најлошото, губење на прволигашкиот статус.

М.П.