По завршувањето на сезоната во фудбалска Европа се спремаат неколку тренерски смени. Прва и очекувана е смената во Реал Мадрид, Жозе Мурињо се поизвесно ќе го напушти бродот, а за негов наследник има неколку конкуренти.

Главни кандидати се Карло Анчелоти тренер на ПСЖ и Хуп Хејнкенс, кој моментално е на чело на Баерн Минхен. На Хејнкенс договорот со “баварците“ му истекува на крајот од сезоната, а ќе го наследи Пеп Гвардиола.

Ако италијанскиот стратег замине во Реал Мадрид, тогаш тренерското столче во ПСЖ ќе го пополни Арсен Венгер, а Арсенал ќе го ангажира Дејвид Мојс од Евертон.

Пред отказ во Манчестер Сити е Роберто Манчини, а неговото место ќе го заземе Пелегрини, кој е тренер во Малага.

Мх.П.