Фиорентина и Селта направија промени на тренерската позиција, откако екипите не играа на посакуваното и не бележаа резултати според очекувањата.

„Виолетовите“ од Фиренца го отпушија Џузепе Јакини и за нов тренер го назначија Чезаре Прандели. 63-годишниот Прандели е еден од омилените тренери на „Артемио Франки“ и сигурно ќе ужива голема доверба кај навивачите и управата.

Селта, пак, од позицијата тренер го разреши Оскар Гарсија и го доведе аргентинскиот стручњак Едуард „Чачо“ Кудет. Аргентинецот не е докажано тренерско име, но има искуство бидејќи веќе ги водел Сан Лоренцо, Ривер Плата и Росарио Централ.

Селта веднаш после назначување на новиот тренер се впуши во ангажман на Марио Манџукиќ. Хрватот е слободен агент и би требало двете страни веднаш да најдат заеднички јазик и да пуштат рака за соработка.

OhridNews