Шпанскиот стратег Жозеп „Пеп“ Гвардиола е најплатениот тренер на денешницата со плата од 16 милиони евра. Тој заработува исто колку Кристијано Роналдо, а еден милион повеќе од Лионел Меси затоа тренинзите со Гвардиола се вредни „злато“.
За споредба со останатите тренери на екипите кои се рамо до рамо со Баерн Минхен, Жозе Мурињо во Челси заработува 10 милиони евра годишна плата. Ривалот на Гвардиола во Бундес лигата, Јирген Клоп, кој е тренер на Дортмунд зема четири пати помалку од Шпанецот.
Селекторот на Шпанија, Винсент Дел Боске, кој со селекцијата ги обедени титулите од Европско и Светско првенство зема скромни 2.3 милиони евра годишно.
Мх.П.