Во организација на мото клубот  “МОТО ОХРИД “  и   семејството на Илче  БИМБО,  на 25.04.2009(сабота), ќе се одржи третиот традиционален  меморијален круг околу Македонија  во чест на трагично загинатиот Илче Бимбо.


Мото кругот 2009  ке започне во сабота од Охрид  со собирање на сите учесници   на градскиот плоштад во  9:30  часот. Членовите на клубот потоа ќе му оддадат почит на Илче Бимбо на градските гробишта  – Охрид, а по куста пауза во х. „Ловец“ ќе започне мото кругот преку Стража, Скопје, Велес, Валандово и Струмица каде се ноќева. Моторџиите наредниот ден преку Битола се враќаат за Охрид.

Ohridnews