Повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, што на дочекот на Новата 2016-та година во центарот на Охрид го изврши Бојан Угреновиќ (30) од Р.Србија, кој два пати беше одложуван, треба да почне денеска.

Првично повтореното судење требаше да започне на 5-ти мај, но беше одложено поради неможност на обвинителната клупа од затворот во Скопје да биде донесен обвинетиот Бојан Угреновиќ. Судењето беше преѕакажано ѕа 6/ти јули, но и тогаш не ѕапочна ѕатоа што на закажаното рочиште не се појави адвокатот на одбраната Донче Наков, поради што судот констатира дека не се исполнети условите за почеток на главната расправа. 

Претходно судот во Охрид го осуди Бојан Угреновиќ на казна затвор во траење од 16 години. Висината на казната, пак, беше причина Апелацискиот суд во Битола да го врати случајот на повторно судење, кое никако да почне.

OhridNews