Проектниот тим од општина Охрид од  Секторот за туризам и локален економски развој кој го имплементира проектот СУСТКУЛТ – Достигнување на одржливост преку интегриран пристап на управување со местата на културното наследство, зеде учество на третиот  состанок во организација на проектниот партнер од Грција.


При тоа, биле презентирани   локалните проектни  активности кои општина Охрид ги имплементира  во изминатиот период, а се одржа и работилница за Web- gis  платформа и  презентација преку која  општината ги претстави активностите од првата фаза на  Планот за управување со културното наследство кој ќе се изработува како  активност од РП 6 на проектот.

Овој план ќе се развива на база на постоечкиот план за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион преку  апликација на СУСКУЛТ методологија за интегрирано управување.

Подршка во изработката на планот ќе биде и предвидената on site обука за  работилница за изработка на планови за управување со културното наследство, што ќе се одржи во Охрид  од 22 до 24 октомври . На неа ќе учествуваат претставници од релевантни национални институции  кои се вклучени во изработката на Планот за управување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

OhridNews