Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе го реализира третиот уписен рок за академската 2025/2026 година во понеделник, 29 септември 2025 год. Кандидатите ќе можат да поднесат документи од 8:00 до 16:00 часот во просториите на Универзитетот.

На располагање се современи студиски програми од областа на информатичките науки и технологии: компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, и дигитална бизнис аналитика, посочуваат од Универзитетот.

Воедно, додаваат дека Универзитетот се издвојува како интернационален центар за ИКТ образование и нуди можности за стипендии, вклучително и поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.

Повеќе информации за уписот се достапни на официјалната веб страна www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.

OhridNews