
Охридските фудбалери фуриозно го започнаа натпреварот и со трите голови на Никола Секулоски поведоа со 3-0. Голгетерот на Охрид стрелаше прецизно во 6-та, 23-та и 25-та минута од мечот. Караорман од шокот се созеде во второто полувреме. Во 50-та минута Јордан Велоски намали на 3-1, десет минути подоцна Ивица Ќелешоски погоди за 3-2. Во 67-та минута Кристијан Домазетоски изедначи на 3-3, а во 70-та минута Велоски со вториот погодок го комплетираше пресвртот.
Во 22-та рунда се одигра и локалното дерби помеѓу Сатеска и Лакочереј. Домашните фудбалери победија со убедливи 5-0. Два од петте голови за Сатеска постигна Никола Шекуткоски, а по еднаш мрежата на Лакочереј ја затресија Јован Стоески, Никола Скепароски и Даниел Митрески.
Резултати: Црно Буки – Велешта 5-1, Лирија Заграчани – Лирија Грнчари, Кравари – Влазними, Октиси – Фљамуртари 0-3, Сатеска – Лакочереј 5-0, Караорман – Охрид 4-3, Новаци – Преспа 1-0
Табела: Охрид 49, Црно Буки 36, Влазними 34, Велешта 31, Караорман 30, Кравари 30, Лирија Грнчари 30, Сатеска 29, Фљамуртари 29, Лакочереј 28, Преспа 24, Лирија Заграчани 18, Октиси 18
OhridNews











