Лидерот на табелата Струга Трим Лум, Лабуништа и Охрид ќе имаат гостински задачи во втората рунда од пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Стружани гостуваат кај тимот на Пролетер, фудбалерите на Лабуништа кај Лирија од Грнчари, додека Охрид во Ресен кај составот на Преспа.
Охридските бели минатата полусезона претрпеа пораз од Преспа на „Атина Бојаџи“ 3-2 и ова ќе им биде шанса за реванш.
Натпреварите се играат в недела со почеток во 14 часот.
Двојки: Могила – Кораб, Пролетер – Струга Трим Лум, Кравари – Влазними, Преспа – Охрид, Сатеска – Фљамуртари, Караорман – Велешта, Лирија – Лабуништа.
Табела: Струга Трим Лум 27, Лабуништа 26, Охрид 26, Кравари 25, Кораб 25, Фљамуртари 21, Лирија 20, Влазними 19, Преспа 17, Велешта 16, Пролетер 16, Караорман 13, Сатеска 13, Могила 10.
OhridNews