Второпласираниот Караорман со победата над Младост 5-4 ја одбрани честа на водечките во 27-та рунда од Третата македонска фудбалска лига. Лидерот на табелата Кораб претрпе пораз од Лабуништа 3-1, а третопласираниот Влазними од Кравари 2-1.

До крајот на првенството преостануваат уште четири натпревари во кои ќе се дознае патникот во Втората македонска фудбалска лига.

Резултати : Лабуништа – Кораб 3-1, Мирче Ацев – Работник 4-0, Караорман – Младост 5-4, Вулкан – Поешево 1-0, Лирија – Могила 2-0, Питу Гули – Велешта 0-0, Кравари – Влазними 2-1, Преспа – Вардино 0-0.

Табела : Кораб 63, Караорман 59, Влазними 57….

Мх.П.