Екипата на Струга е нов лидер во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион по комплетирањето на првата рунда од пролетната полусезона.


Стружани во дербито со Кравари на домашен терен забележаа убедлива победа 3-0, а во нивни прилог отиде поразот на Лабуништа во Дебар од Кораб 2-1.

Возбудувањата во Третата лига ги најавија Охрид и Сатеска кои одиграа трилер реми со осум погодоци на Атина Бојаџи.

Резултати 14.коло: Охрид – Сатеска 4-4, Кораб – Лабуништа 2-1, Фљамуртари – Караорман 4-3, Влазними – Преспа 1-1, Струга Трим Лум – Кравари 3-0, Могила – Пролетер 3-1, Велешта – Лирија 0-2.

Табела: Струга Трим Лум 27, Лабуништа 26, Охрид 26, Кравари 25, Кораб 25, Фљамуртари 21, Лирија 20, Влазними 19, Преспа 17, Велешта 16, Пролетер 16, Караорман 13, Сатеска 13, Могила 10.

Двојки 15.коло: Могила – Кораб, Пролетер – Струга Трим Лум, Кравари – Влазними, Преспа – Охрид, Сатеска – Фљамуртари, Караорман – Велешта, Лирија – Лабуништа.

OhridNews