Фудбалерите на Сатеска освоија круцијални бодови за опстанок во Третата лига победувајќи го Пролетер на гостински терен со 3-2 во 23-та рунда од првенството.


Сатеска со триумфот и трите бодови се одлепи од опасната зона и го закова на дното составот на Пролетер. Меч топка за математички обезбеден опстанок екипата од Волино ќе има против Могила на домашен терен.

Охрид, пак, забележа убедлива победа над Велешта на домашен терен (5-0) и стави точка на серијата без победа. Велешта после поразот падна на претпоследната позиција, додека охридските бели котираат во горниот дел од табелата и мирно можат да ги пречекаат следните мечеви во третолигашкото друштво.

Двојки: Фљамуртари – Кораб 0-0, Охрид – Велешта 5-0, Влазними – Лабуништа 2-3, Струга Трим Лум – Лирија 5-0, Могила – Караорман 2-1, Пролетер – Сатеска 2-3, Кравари – Преспа 2-1.

Табела: Струга Трим Лум 50, Лабуништа 47, Кораб 46, Кравари 40, Охрид 34, Преспа 32, Влазними 28, Фљамуртари 28, Лирија 28, Сатеска 25, Могила 24, Караорман 23, Велешта 23, Пролетер 21. 

OhridNews