Победи на охридските тимови во петтата рунда од третата лига Југозаден регион. Мазатар во Слатино славеше минимално со 1-0 над Подмочани и ја забележа првата победа во шампионатот.


За разлика од нив лешанци беа суперефикасни и со неверојатни 11-1 го совладаа тимот на Добрушево. Четири гола постигна Ѓоршески, по два Матески и Јосифоски а еднаш мрежата ја затресе и Силјаноски.

Дербито на колото му припадна на Новаци кој со 2-1 славеше кај Кравари, додека големи три бода освои Караорман на гостувањето во Вардино, победувајќи со 3-1.

Резултати:

  Лирија (З) Преспа 2 – 1  
  Кравари Новаци 2005 1 – 2  
  Работник Младост (ЦД) 3 – 1  
  Мазатар Подмочани 1 – 0  
  Могила Би Милк Таленти Пуцко П 2 – 0  
  Питу Гули Поешево 2 – 4  
  Лешани Добрушево 11 – 1  
  Вардино Караорман 1 – 3  

Табела :

Место Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 Новаци 2005 5 5 0 0 15:2 15
2 Караорман 5 4 1 0 13:4 13
3 Кравари 5 4 0 1 10:3 12
4 Могила Би Милк 5 3 2 0 11:2 11
5 Поешево 5 3 1 1 11:7 10
6 Лешани 5 3 0 2 23:16 9
7 Таленти Пуцко П 5 3 0 2 8:10 9
8 Преспа 5 2 1 2 9:9 7
9 Подмочани 5 2 0 3 8:6 6
10 Лирија (З) 5 2 0 3 8:10 6
11 Велешта 4 2 0 2 8:10 6
12 Работник 5 2 0 3 7:11 6
13 Добрушево 5 2 0 3 11:22 6
14 Влaзними (С) 4 1 1 2 7:7 4
15 Мазатар 5 1 0 4 7:12 3
16 Вардино 5 1 0 4 7:16 3
17 Питу Гули 5 0 1 4 8:16 1
18 Младост (ЦД) 5 0 1 4 4:12 1
Ohridnews